Девојка која ги сруши и машките рекорди и влезе во Гинисова книга на рекорди: „Совладала“ бран од 22 метри – снимката го одзема сечиј здив...

Кармин

23/09/2020

14:26

4.174

Големина на фонт

а а а

Бразилската сурферка Маја Габеира влегла во Гинисовата книга на рекорди, бидејќи со својата даска за сурфање успешно го „совлада“ бранот висок 22.4 метри.

Маја стана првата жена во историјата која што успеала да направи ваков потфат.

Интересно е тоа што, таа го држела и претходниот рекорд кога пред две години „совладала“ бран висок 21 метар.

Оваа година таа докажала дека е поподготвена од кога и да е и остварила подобар резултат и од сите мажи кои што се занимаваат со тоа.

Оваа храбра Бразилка рекордот го поставила во Португалија, на местото кое што е познато по тоа што таму се собираат најдобрите сурфери на планетата.

„Бев похрабра од коа и да е, бев блиску до катастрофа. Никогаш не сум била поблиску до таква експлозија. Никогаш досега не сум почувствувала таква енергија и врева, беше застрашувачки“ - изјавила Маја по борбата со монструозниот бран.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk