Овие 5 намирници се најдобри „убијци“ на целулитот - доволни се само 3-4 порции неделно

Кармин

22/09/2020

11:22

1.871

Големина на фонт

а а а

Целутитот претставува промени на сврзното и поткожното масно ткиво кои го даваат добро познатиот „изглед на кора од портокал“.

Целулитот нема никаква врска со нашата тежина - тој може да се јави и кај слаби жени. Главните виновници за неговото појавување се женските хормони, особено естрогенот, како и наследните гени и лошата исхрана.  

Меѓутоа, постојат неколку намирници кои помагаат во борбата со целулитот, а еве кои се тие:

Брокула

Брокулата содржи коктел од витамини и минерали кои се корисни за вашата убавина и имаат релативно мал број калории. Но, брокулата содржи и алфа-липоинска киселина, природна супстанца која спречува стврднување на колаген, што предизвикува целулит. За да ја добиете потребната количина, во вашето мени вметнете 3 до 4 порции брокула неделно.


Портокал

Портокалот е исклучително корисен за вашето тело. Тој е преполн со витамин Ц и биофлавоноиди кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја исправаат рамнотежата на клетките која може да доведе до целулит.

Аспарагус

Многу познати дами се подложуваат на диети на база на аспарагус пред да се појават на црвениот тепих. Поради богатите антивоспалителни својства, аспарагусот го намалува задржувањето на течности во телото и содржи минимален број на калории. Преку течностите се отстрануваат штетните токсини кои можат да доведат до целулит бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата на крвта.


Лосос

Лососот се смета за идеална храна за диета, детоксикација и борба против воспаленијата во организмот. Тој е богат со антиоксиданси кои ги разградуваат масните клетки на подрачјата со целулит. Покрај тоа, омега-3 масните киселини во лососот го намалуваат апетитот и ги зајакнуваат кожните ткива и влакна.

Маслиново масло

Маслиновото масло придонесува за правилно функционирање на штитната желзда која помага во правилната работа на метаболизмот. Кога метаболизмот работи како што треба, се согоруваат маснотиите и се активираат клетките кои ги регенерираат оштетувањата на кожата. Кожата и сврзното ткиво под неа стануваат поцврсти и со тоа се намалува целулитот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk