„Новак ти си луд играч“... Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим!

Точка

21/09/2020

19:39

6.725

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ е владател на Рим. Најдобриот тенисер на светот до петтата титула во „вечниот град“ дојде со победата над Аргентинецот Диего Шварцман 7:5, 6:3.

Србинот ја освои рекордната 36-та титула на Мастерс турнирите и така осамна на првото место на вечната ранг листа. Ѓоковиќ воедно дојде до 81-от трофеј во својата кариера.  

На Новак триумфот му донесе нови 400 АТП поени, за колку што ја зголеми и предноста во однос на второпласираниот Рафаел Надал.

„Новак, ти си луд играч, ти честитам тебе и на твојот тим“ - изјавил Шварцман на почетокот на неговото обраќање.


„Му благодарам и на мојот тим, на мојата девојка, моето семејство и на сите во Аргентина кои што ме следат од дома. Не им е лесно таму поради Ковид-19 и многу сум среќен што им донесов неколку убави денови во нивните домови“ - изјавил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг