Хаос на натпревар од Чемпионшип лигата: Тренерот на Свонси фати играч за врат и го бутна на земја

Дерби

20/09/2020

13:45

5.290

Големина на фонт

а а а

Асистентот на Свонси, Алан Тејт се соочува со сериозна казна од ФА откако беше креатор на сериозен инцидент на вчерашниот натпревар против Бирмингем.

Тејт кој е легенда на велшкиот клуб го фати за врат и го бутна на земја фудбалерот на Бирмингем и некогашен младинец на Арсенал, Јон Торал. 

Инцидентот се случи по крајот на првото полувреме кога фудбалерите на двата тима се упатија кон соблекувалните. Тогаш Торал нешто му довикна на Тејт кој реагираше доста нервозно и направи вистински хаос крај аут линијата.

Веднаш настана голема мешаница во која се вклучи и тренерот на противничкиот тим, Аитор Каранка.

Во следниот период се очекува англиската ФА да спроведе детална истрага и да му врачи драконска казна на младиот стратег.



Спонзорирани линкови

Маркетинг