Искрен коментар по дебито: Ван Де Бек не го криеше големото разочарување од играта на Јунајтед

Макфакс

20/09/2020

13:42

2.649

Големина на фонт

а а а

Дони Ван Де Бек постигна погодок на својот премиерен настап во Премиер лигата, но истиот имаше премало значење за него и соиграчите од Манчестер Јунајтед, бидејќи тимот на Оле Гунар Солскјер доста лошо ја отвори сезоната.

Кристал Палас уште еднаш се покажа како незгоден ривал и славеше со 1:3 на „Олд Трафорд“, па со тоа му го расипа деби настапот на најголемото засилување на Јунајтед во летниот преоден рок. Ван Де Бек не беше стартер и доби шанса од клупата, па иако даде гол по влегувањето на теренот, не криеше дека е разочаран од играта на Јунајтед. 

– Ова сигурно не беше доволно добро, не за ваков тим. Изминатава седмица на тренинг изгледаше се добро, имаше многу квалитет на тренинзите и се изгледаше многу брзо. Но, на теренот се изгледаше многу бавно, – изјави Ван Де Бек за официјаланта телевизија на клубот и продолжи.

– Ова беше прв меч за мене во клубот, ден во кој сакате да победите. Не е важно како, едноставно сакате да победите и не кријам дека сум многу разочаран што загубивме 3:1 на домашен терен.

– Со противник како Астон Вила, мора да ја забрзате играта и да се обидете да креирате нешто во нападот. Не го направивме тоа и дефинитивно не бевме доволно добри како тим – искрено порача Холанѓанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг