Сите нијанси на розово: Кралицата Летиција ја воодушеви Шпанија во прекрасен фустан

Точка

19/09/2020

13:33

2.946

Големина на фонт

а а а

Шпанската кралица Летиција го привлекла сето внимание кога се појавила во Сарагоса со сопругот Фелипе.

Кралот и кралицата присуствувале на одбележувањето на 125-годишнината од локалниот весник „Хералдо де Арагон“, а општо е познато дека и самата Летиција била новинарка и репортерка пред да стане дел од кралското семејство. 

Инаку, Летиција го прославила и својот 48-ми роденден, но ниту таа специјална прилика не значела дека мора да облече спектакуларно дизајнерско парче. Напротив, иако изгледала одлично во розовите нијанси, станува збор за уште еден рециклиран стајлинг од пред малку повеќе од една година.


Кралицата блескала во повеќе нијанси на розова боја: носела фустан со потпис на Мајкл Корс со благ А крој, а струкот го нагласила со сребрен ремен. Деталите во вид на копчиња од двете страни на фустанот придонеле да изгледа уште поелегантно и поефектно, а изгледот го надополнила со розови потпетици и клач чантичка во истата нијанса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг