Пејачката Кејти Пери се породила на 25-ти август, а сега првпат по породувањето се појавила во јавност откако ја добија ќерката на која ѝ го дадоа името Џејзи Дов Блум.
Кејти е 'уловена' додека купувала намирници во продавница во Санта Барбара, а за таа прилика се обидела да се замаскира за папараците да не ја препознаат, но сепак не успеала во тоа.
Имено, таа имала маска на лицето, капа на главата и големи црни очила, но постојано главата ѝ била наведната.
Кејти била во целосно опуштено издание, во зелен фустан и папучи, а многумина забележале дека Пери и понатаму има стомак кој ѝ останал по породувањето, што е нормално за новопечена мајка.