Кејти Пери првпат видена во јавност после породувањето: Пејачката со наведната глава шета низ улиците

Кармин

17/09/2020

16:53

3.463

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери се породила на 25-ти август, а сега првпат по породувањето се појавила во јавност откако ја добија ќерката на која ѝ го дадоа името Џејзи Дов Блум.

Кејти е 'уловена' додека купувала намирници во продавница во Санта Барбара, а за таа прилика се обидела да се замаскира за папараците да не ја препознаат, но сепак не успеала во тоа.


Имено, таа имала маска на лицето, капа на главата и големи црни очила, но постојано главата ѝ била наведната.


Кејти била во целосно опуштено издание, во зелен фустан и папучи, а многумина забележале дека Пери и понатаму има стомак кој ѝ останал по породувањето, што е нормално за новопечена мајка.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk