Сите ја споделуваат фотографијата од манекенка со раскопчани панталони, а зад неа се крие приказна која е вознемирувачка

Точка

16/09/2020

14:45

7.606

Големина на фонт

а а а

И покрај повеќегодишното залагање за зголемено ангажирање на манекенки со „реални пропорции“, се чини дека поединечни модни куќи не се откажуваат од креирањето гардероба во застрашувачко мали конфекциски броеви.

Стилистката Франческа Брнс од Америка објавила една фотографија од модно снимање на која може да се забележи дека манекенката не можела да ги закопча панталоните. 

Бидејќи станува збор за професионален модел, девојка која ги исполнува сите критериуми за занимавање со оваа професија, стилистката напишала порака во која бара од дизајнерите да креираат поголема облека за моделите. Брнс нагласила дека ангажираната манекенка носи конфекциски број 36, а не можела да ја облече нивната креација.


„Може ли облеката да биде малку поголема, ве молам? Не сакам било кој на сетот да се чувствува како да не е доволен. Често работам со млади жени кои, и покрај тоа што се преубави, се човечки суштества кои не би смееле да се чувствуваат „преголемо“ за облеката која ја добиваат. Оваа манекенка е ситна. Носи големина 36 во најдобар случај, но не можеше да ги закопча панталоните „Hedi Slimane“ на „Celine“. Имам неколку модели од таа колекција и не закопча ниту еден од нив“, напишала Франческа.

Стилистката напоменала дека со ваквите креации брендовите всушност воведуваат нереални стандарди за убавина и промовираат слаб изглед.

„Имаме одговорност во оваа индустрија да ги славиме и да ги поттикнуваме луѓето да се чувствуваат силно - зошто инаку би ги трошеле тешко заработените пари на ова? Бидејќи сакаме да се чувствуваме добро“, истакнала дизајнерката.

Фотографијата од снимањето со важната порака од стилистката вирално се проширила на социјалните мрежи, а истата добила мноштво позитивни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг