51-годишната пејачка Џенифер Лопез била фотографирана на улиците на Њујорк во стајлинг со ефектен дезен, со што го привлекла вниманието на случајните минувачи.
Латино дивата која е инаку позната како голем љубител на блескавите модни парчиња, овојпат носела лелеав макси фустан со јакна во бајкерски стил.
Овој аутфит неодоливо потсетува на модните парчиња со потпис на италијанската модна куќа „Версаче“.
Џеј Ло го „зачинила“ стајлингот со тиркизна чантичка со ефект на крокодилска кожа, сламен шешир со потпис на брендот „Зимерман“ и неизоставната заштитна маска, овојпат во црна боја.
Од обувките, изборот „паднал“ на високи потпетици во беж боја со ПВЦ детали.