Точка ТВ: Сакала да биде адвокат, но една ноќ во дискотека променила сè – на нејзината убавина никој не е имун

Точка

25/08/2020

21:11

3.148

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите и најзгодни жени на планетата денеска го прославува својот 50-ти роденден.

Клаудија Шифер е родена на 25 август 1970 година во Рајнберг, западна Германија. Таа пораснала во семејство со двајца браќа и сестра – Стефан и Андреас и Ен Каролин. 

Сакала да биде адвокат, но една ноќ во дискотека променила сè. Шифер имала 17 години кога Мишел Леватон, сопственик на модната агенција “Метрополитан”, ја забележал и ангажирал како модел.

Шанел, Версаче, Диор ... нејзините успеси се нижеле. Манекенката се појавила на над 1000 насловни страници и шетала рамо до рамо на модните писти со Кристи Тарлингтон, Наоми Кемпбел, Линда Еванџелиста, Синди Крафорд...

Важи за еден од најплатените модели на светот, а нејзиното богатство се проценува на 55 милиони долари. Клаудија од генерацијата на супермодели стана култно модно име.

Се испробала и во актерство, а денес се занимава со дизајнирање на чевли.

Клаудија била во врска со илузионистот Дејвид Коперфилд и учествувала на неговите настапи. Се зборувало дека нивната врска е лага, но тој го демантирал тоа.


По врската со Дејвид, Клудија се забавувала со Тим Џеферис, а во 2002 година стапила во брак со режисерот Метју Вон. Од бракот со него има 3 деца: Каспар (17), Клементин Попи (15) и Козима Вајолет (10).

Важи за една од најубавите жени во историјата, а често ја нарекуваат и “германската Брижит Бардо”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk