Точка ТВ: Запознајте ја Хенриета Лакс – жената чии бесмртни клетки од 50-те години наваму му помагаат на човештвото

Точка

20/08/2020

21:20

4.110

Големина на фонт

а а а

Името на Хенриета Лакс е запишано во медицинските книги, а нејзините бесмртни клетки со децении се користени во исклучително важни медицински цели.

Хенриета Лакс била Афроамериканка која што потекнувала од Вирџинија, а нејзиното име е запишано и во медицинските учебници затоа што нејзините ''бесмртни'' клетки со децении се користеле во исклучително важни медицински истражувања.

На оваа жена во далечната 1951 година ѝ бил дијагностициран канцер, кога имала само 30 години.

Се лечела во болницата „Џонс Хопкинс“ бидејќи тоа била најблиската болница која што примала пациенти Афроамериканци.

Доктор Хауард Џонс во текот на прегледот ѝ зел примерок од клетките на грлото на матката и ги испратил во патолошка лабораторија каде што набрзо било утврдено дека станува збор за канцер на грлото на матката.

Примероци од клетките биле испратени и кај американските научници, меѓу кои и Џорџ Ото Геј.

Тој со помош на неколку апарати осмислил да ''одгледа'' дел од клетките, па така започнало сè.

Во октомври 1951-та година Хенриета починала од канцер кој метастазирал по целиот организам, но нејзините клетки продолжиле да се размножуваат, живеат и умираат во лабораторија.


Ланецот на овие клетки станал бесмртен - се одржува со децении и познат е како ХеЛа линија клетки.

Освен што самиот податок за одгледување на ваквите клетки е фасцинантен, суштината на нивното одгледување е дека истите се користат за многубројни медициснки тестирања.

Тие послужиле да се направи вакцина за детска парализа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг