Точка ТВ: Таа е една од најмоќните први дами во светот – како Меланија Трамп се збогатила без помош на својот сопруг Доналд Трамп?

Кармин

20/08/2020

12:45

4.095

Големина на фонт

а а а

„Имам многу идеи. Студирав архитектура и дизајн, така што навистина сакам дизајн и мода“ – ова се зборовите на Меланија Трамп кои што ги изговорила во текот на 2011-та година кога ја покренала својата линија за накит.

Нејзе бракот со Доналд Трамп секако дека ѝ помогнал да стекне статус, но таа отсекогаш била самостојна и моќна жена.

Од работа во светот на моделингот, до линија за нега на кожа со кавијар, Мелнија е една од најбогатите сопруги на американските претседатели.

Имајќи предвид дека таа не добива пари за својата улога како Прва дама на САД, нејзиното богатство се проценува на 50 милиони долари.

Еве како го направила тоа

Од Милано до Париз, Меланија направила име за себе кога станала модел на само 18 години. Таа набрзо се нашла на многубројни насловни страници на магазини, како „Vanity Fair“, „Allure“, „Harper's Bazzar“.

Во 2015-та година се нашла на наслвоната страница на „Vogue“ со својата венчаница, за само неколку месеци подоцна да ја оствари таа улога.

Рекламирани како луксузни парчиња со пристапни цени, накитот на Меланија е дизајниран од местата во кои што претежно живеела: Париз, Палм Бич и Њујорк.

Еден часовник е креиран по углед на „циклусот на животот“ наречен „Trump Tower“.


Сите парчиња чинат помалку од 200 долари.

Меланија добила исплата и од „Daily Mail“, бидејќи сајтот објавил статија во која што навеле дека таа работела како ''партнер'' додека се занимавала со моделинг. Поради тој гаф ѝ платиле околу 2.9 милиони долари.

Исто така Меланија од „Getty Images“ добила околу 100.000 милиони долари, поради тоа што користеле фотографии со нејзиниот лик.

Но, на што Меланија ги троши своите пари?

Еден дел од нив ги инвестирала во еднособен стан во „Trump Tower“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk