Медицинска сестра спасила три новородени бебиња после експлозијата во Бејрут: „Се сруши покривот врз нив“

Точка

13/08/2020

16:25

879

Големина на фонт

а а а

Медицинската сестра-херој која спасила животи на три новородени бебиња кога после експлозијата во Бејрут се срушил покривот на болницата, открила дека лутала повеќе од еден час за на децата да им обезбеди сигурност и се присетила како децата повторно ги споила со нивната мајка.

Памела Зејнун извлекла близнаци и уште едно бебе од инкубатор, после експлозијата во Либан минатиот вторник.

После тоа со нив во раце трчала по скали од 4-ти спрат.

За среќа децата немаат никаква гребнатинка, а сега повторно се со нивните мајки, кои постојано плачеле кога ги виделе рушевините и мислеле дека во нив се и нивните бебиња.


„Во моментот на експлозијата, покривот моментално падна на земја, металот и рушевините ги турнаа инкубаторите на земја. Никој не сфати што се случува, сите мислевме дека е бомба. Тогаш најдов автомобил со кој појдов до болницата која беше подалеку“, рекла Памела за „Good Mornin Britain“.

Памела додала дека луѓето на улица ѝ помагале, но хаосот после експлозијата ѝ отежнал за да оди било каде.

„Луѓето на улица ги соблекуваа алиштата и ми даваа маици за да ги покријам бебињата кои имаа само пелени. Така лутав еден час и влегував од еден во друг автомобил, а потоа повторно се најдов на улица. Главната грижа ми беше децата да преживеат“.


После сè, Памела имала прилика да ги запознае вечно благодарните мајки.

„Кога една од мајките го виде главниот кат, мислела дека останала без своите бебиња. Беа толку многу среќни кога повторно ги споивме. Бебињата се одлично, немаат дури ни гребнатинка“, рекла таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг