Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Макфакс

12/08/2020

14:46

2.670

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски, утре во 12 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг