Несреќа во Шкотска, воз излетал од шини - на самото место има 30 возила на Итната помош

Точка

12/08/2020

14:40

586

Големина на фонт

а а а

Во Абердиншир во Шкотска дошло до несреќа кога воз излетал од шини, а шкотската премиерка Никола Старџон тоа го нарекла "многу сериозен инцидент".

Несреќата се случила во средата наутро во околу 9:30 часот по локално време, а засега не се знае дали некој загинал, но според првите извештаи има тешко повредени. 

На самото место има 30 возила на Итна помош, пренесува "BBC".

На видео снимките кај местото на несреќата се гледаат полициски возила, но и густ чад кој излегува од возот, пренесува "CNN".

Британскиот министер за сообраќај, Грант Шапс, рекол дека е свикан итен состанок со претставниците на Железницата околу инцидентот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг