Преговорите во ќорсокак, Јувентус би можел да остане без една од своите први ѕвезди

Дерби

12/08/2020

13:30

416

Големина на фонт

а а а

Минатото лето, Пауло Дибала не сакаше ни да чуе за заминување од редовите на Јувентус.

Тогаш клубот на два пати се согласи да го продаде откако си пушти рака и со Манчестер Јунајтед и со Тотенхем, меѓутоа Аргентинецот одби да направи трансфер и се реши да остане во Јувентус и да се докажува кај Маурицио Сари.

И се докажа, одигра фантастична сезона и беше еден од носителите на играта на италијанскиот шампион.

Токму затоа во преговорите за нов договор Дибала си поставил висока цел и плата која Јувентус не успеал да му ја понуди.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Јувентус му нуди само осум милиони евра годишна плата, додека Дибала бара двојно повеќе, 15 милиони евра.

Неговиот договор истекува во 2022 година, па голема е веројатноста Дибала да направи трансфер во летниот преоден рок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг