Инспекторите и натаму не знаат кој го поцрвене Вардар на 15-ти јули

Точка

12/08/2020

10:18

1.369

Големина на фонт

а а а

Инспекторите на Државниот инсепкторат за животна средина излегоа на увид и зедоа мостри од водите на реката Вардар, откако на 15-ти јули добија дојава дека реката има црвена боја во близина на бетонската база на „Бетон“.

„Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја. Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување“, соопштија денеска од ДИЖС.

„Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје, ул.16 Македонска бригада б.б. и се утврди дека во моментот на надзорот погонот Лужилница не беше во работен режим, односно производниот процес беше целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим, и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна. Исто така се изврши визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје, и од истата истекуваше безбојна отпадна вода од 100 м3/час. Значи, од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода“, информираа Државниот инсепкторат за животна средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг