Во Холандија откриена мега нарко-лабораторија: Сокриена е во штала, дневно произведувала кокаин доволно за цела Европа!

Точка

11/08/2020

21:27

4.765

Големина на фонт

а а а

Најмалку 17 лица се во притвор, откако полицијата извршила рација во поранешна штала за јавање во Холандија.

Шталата била претворена во најголемата лабораторија за производство на кокаин во земјата, пренесуваат локалните медиуми. Лабораторијата имала капацитет за производство до 200 килограми кокаин на ден.

У апсени се 13 колумбиски државјани, тројца се Холанѓани, вклучувајќи го и 64-годишниот сопственик, а еден од осомничените е од Турција, соопштила полицијата.

Запленети се десетици илјади литри хемикалии, заедно со опрема како буриња, плински боци, пластични цевки и пет мешалки за цемент кои се користат за извлекување на кокаинот од т.н. база.

„Со оглед на бројот на луѓе кои работеле таму, големината, распоредот и опремата, проценуваме дека производниот капацитет бил од 150 до 200 килограми кокаин на ден, што е количина на дрога со улична вредност од 4,5 до 6 милиони евра“, рекол шефот на полицијата, Андри ван Рин.

Полицијата при рацијата пронашла 100 килограми кокаин и просторија за спиење за работниците. По претресот на магацините во блиските градови Апелдурн и Елшут, запленети биле и околу 120 тони материјал.

Осомничените треба да се појават на суд оваа недела, а можно е да бидат приведени и други лица, изјавила полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг