Пет работи кои мора да ги знаете за руската вакцина против коронавирусот: Кој нема да смее да ја прими?

Точка

11/08/2020

20:23

7.877

Големина на фонт

а а а

Русите го изненадиле светот кога објавиле дека ја регистрирале првата вакцина против коронавирусот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопштил дека Русија регистрирала вакцина против коронавирус. Тој рекол дека руското министерство за здравство ја одобрило вакцината која ја примила и неговата ќерка. 

Дистрибуцијата на вакцината на групи на кои им е најмногу потребна ќе почне наскоро, а во широка употреба ќе се појави малку подоцна.

Колку долго ќе не штити?

Вакцината ефикасно ќе ги штити луѓето од коронавирусот две години по вбризгувањето.

Тој период на заштита се должи на вирусните вектори - безопасни хумани аденовируси кои доставуваат дел од коронавирусот "SARS-CoV-2" во човековото тело, принудувајќи го да формира имун одговор на него.

Како се прима вакцината?

Вакцината се состои од две вбризгувања, кои ќе се спроведуваат во интервал од три недели.

Регистрацијата на вакцината е извршена по низа тестови спроведени на животни и две групи од 38 доброволци. Така Русите успеале да докажат дека вакцината е безопасна и ефикасна во создавање на имунитет против коронавирусот.

Кој ќе може да ја прими вакцината?

Лицата меѓу 18 и 60 години кои немаат алергиски реакции на вакцината и не се бремени, ќе можат да ја примат вакцината.

Меѓутоа, оние кои патат од респираторни болести ќе мора да почекаат да оздрават пред да се вакцинираат.

Кој ќе ја прими прв?

Вакцината во производство на Институтот Гамалеј пред сите ќе ја примат медицинските работници кои работат на ковид одделенијата, а за пошироката јавност би требало да стане достапна дури од први јануари 2021-ва година.

Вакцината е регистрирана како "Gam-Covid-Vac", а ќе се дистрибуира под името "Sputnik B".

Како може да е толку брзо пронајдена?

Според зборовите на заменик директорот на Институт за истражувачки работи Гамалеј, доктор Денис Лагунов, истражувањето на вакцината започнало во февруари оваа година, а било завршено две недели подоцна. За толку брз развој на вакцината заслужни биле претходните истражувања за МЕРС, кои најмногу помогнале да се создаде и вакцина за Ковид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг