Погледнете како тајната служба го евакуираше Трамп после пукањето кај Белата куќа...

Точка

11/08/2020

22:06

9.733

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп ненадејно ја прекина прес-конференцијата за коронавирусот поради пукање во близина на Белата куќа.

За време на прес-конференцијата, во просторијата упадна припадник на тајната служба и му се обрати на Трамп: „Претседателе, излезете од салата“.

„Извинете, што?“, рече изненадениот Трамп, по што веднаш ја напушти конференцијата за новинари.

Трамп беше изнесен од просторијата поради поради пукање во близина на претседателскиот комплекс во Вашингтон. После неколку месеци Трамп се врати на конференцијата.

„Имаше пукање надвод од Белата куќа. Ми рекоа дека е застрелан вооружен маж, во болница е, не знам во каква состојба. Се чини дека ситуацијата е под контрола. Се заблагодарувам на Тајната служба која повторно заврши одлична работа, беа брзи и делотворни“, изјави Трамп и додаде:

„Тоа се фантастични момци. Најдобри од најдобрите. Сакаа да се засолнам на кратко додека не бидат сигурни дека се е под контрола“, изјави Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг