Кој би рекол дека има 50 години! Во бикини, без грам шминка – актерката заблескала на плажа

Кармин

10/08/2020

14:05

2.065

Големина на фонт

а а а

Мини Драјвер со својот вереник Адисон О'Деас била на Малибу, а парот очигледно прекрасно се забавувал судејќи по насмевката која што актерката постојано ја имала на лицето.

Актерката Мини Драјвер наполнила 50 години оваа година, а сите ѝ се восхитувале на нејзината фигура кога своето тело го покажала оваа седмица на Малибу.

Драјвер носела бикини во ''vintage'' стил, па очигледно навистина уживала во морските радости.


Ѕвездата на холивудските филмови на лицето немала ниту грам шминка, па заблескала во својот природен сјај.

50-годишната актерка од минатата година е во врска со телевизискиот директор Адисон.


Парот својата врска ја потврдил на социјалните мрежи, поточно кога Адисон објавил фотографија од нивната романтична вечера.

Иако претходно не споделувале заеднични фотографии, тоа било првпат јавно да признаат дека се заедно.

Инаку, Мини од врската со Тимотеј има 11-годишен син Хенри, а во текот на својата кариера ја поврзувале со многубројни познати ѕвезди од Холивуд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk