Совршен летен детокс: Овој напиток ќе го исчисти телото од токсини и ќе го регенерира организмот

Кармин

10/08/2020

10:14

1.714

Големина на фонт

а а а

Исчистете го организмот од наталожените токсини, а во истовреме уживајте во одличниот вкус на здрав напиток од овошје и зеленчук.

Повеќето од нас во текот на карантинот уживаа во различни, честопати нездрави оброци. Сепак, дојде време кога треба да излеземе надвор, а многумина од нас добија некој килограм вишок. 

Исто така, во нашиот организам неминовно се таложат штетни материи кои доаѓаат од лошата исхрана, консумирање на алкохол, тутун, концентриран шеќер, микроорганизми како вируси и бактерии, но и поради загадената животна средина.

Токму поради тоа е потребно на телото одвреме-навреме да му овозможите “одмор” од сите штетни агенси, да го прочистите и да ги зајакнете своите одбранбени механизми. Токму за тоа е идеален овој освежувачки и вкусен детокс напиток.


Морковот е богат со бета каротен и витамин А, како и витамин Б, К и калиум. Во комбинација со останати супернамирници добивате незаменлив детокс за целиот организам и сите негови системи.

Потребни состојки:

- едно зелено јаболко

- половина чаша исецкан ананас

- 2 поголеми моркови

- 2 парчиња свеж ѓумбир

- сок од половина лимон

- 1 лажичка органски цимет

Начин на припрема:

Измијте ги сите состојки, исчистете ги и исецкајте ги на коцкички. Ставете ги во блендер или соковник и направете напиток од наведените состојки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk