Оле со една изјава го најави останувањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед

Дерби

09/08/2020

17:04

1.751

Големина на фонт

а а а

Долго време беше неизвесна судбината на францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Играчот од средината на теренот притискаше за негово заминување од клубот, но Манчестер Јунајтед одолеа на нападите од Реал Мадрид и успеа да го сочува Погба во своите редови.

По подолгото отсуство од терените поради повреда, Погба се врати назад и креира стабилно партнерство во средината на теренот со Бруно Фернандеш, па се чини дека тоа, а и пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона ќе го натераат фудбалерот да остане на „Олд Трафорд“.

Тоа го најави и Оле Гунар Солскјер кој истакна дека најдоброто од Погба го очекува во следните неколку години.

– Тоа што Пол го кажа беше кажано претходно. Откако се врати од повредата е неверојатен. Работеше навистина напорно и е среќен што игра добро. Ќе го видиме најдоброто од Пол во следните неколку сезони, сигурен сум.

– Сакам да го видам како ќе напредува со овој тим. Тој треба да биде еден од лидерите, една од главните точки на тимот затоа што доаѓа во најдоброто време со неговите 27 години. Подготвен сум и сакам да работам со него, -изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг