5 правила за летна нега кои не треба да ги прекршувате: Еве зошто вашата кожа е сува и дехидрирана

Кармин

07/08/2020

11:11

2.149

Големина на фонт

а а а

Жените често се среќаваат со кожни проблеми како дехидрирана и сува кожа без сјај или појава на акни, а еве на што треба да обрнете внимание за да имате блескав и негуван тен.

На кожата во текот на летните месеци ѝ е потребна поинаква нега отколку во остатокот на годината, а еве ги 5-те најчести грешки кои многу жени ги прават. 

Не ја нанесувате кремата на целото тело

Кожата во текот на летниот период е склона кон сушење, па затоа не штедете на производите за хидратација. Кога нанесувате крема или лосион, немојте да заборавите на деловите на телото кои најчесто ги занемаруваме како што се стапалата, пазувите и бикини линијата.


Погрешно ја нанесувате кремата со УВ заштита

И кожата под облеката е изложена на сонце, а токму затоа е добар совет да ја нанесете кремата на целото тело или да носите облека која ќе ве заштити од сонцето. Многумина често не нанесуваат доволна количина на крема со УВ заштита, што покажуваат и бројни студии.

Заборавате на пилингот

Пилингот е одличен сојузник за постигнување на негувана кожа бидејќи така се отстрануваат мртвите клетки од кожата и разните нечистотии. Процесот на ексфолијација ѝ е потребна на кожата на целото тело, а не само на лицето. Доволно е еднаш во неделата да направите нежен пилинг, а жените со чувствителна кожа треба да бираат благи пилинзи кои се нежни за кожата.


Не пиете доволно вода

Високите температури и престојот на отворено поттикнуваат внатрешна дехидратација која може да предизвика главоболка и вртоглавици. Затоа е многу важно да внесувате доволно вода, а докторите препорачуваат 8 чаши вода дневно.

Користите иста крема во текот на целата година

Ако во остатокот од годината користите потешки и помасни хранливи креми, во текот на летниот период заменете ги со креми со полесна текстура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk