Новак испрати моќна порака до цел Либан, по вчерашната стравична експлозија во пристаништето Бејрут...

Точка

05/08/2020

15:52

3.038

Големина на фонт

а а а

По стравичната експлозија која вчера се случи во Бејрут - Либан, се огласи и најдобриот тенисер на светот.

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи, откако вчера во Бејрут се случи стравична експлозија поради која голем број луѓе загинаа, а уште поголем дел од преживеаните останаа без своите домови.

Сведоци сме дека непрекинато стигнуваат нови снимки од разорната експлозија во пристаништето Бејрут, во која што најмалку загинаа 100 луѓе, а повредени се над 4.000 - секоја од сцените делува сè пошокантно.

Првиот рекет на светот на социјалната мрежа Твитер веднаш сподели фотографија со знамето на Либан, а покрај неа ставил емоџи со молитва.

Инаку, бројот на жртвите како последица на стравичната експлозија продолжува да расте, а болниците во Бејрут се преполни со повредени лица.

Експлозијата се слушнала дури до Кипар, пренесуваат странските медиуми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг