Ја изненадија јавноста со својата врска, а сега ја објавија својата прва заедничка фотографија: „Чекав цела вечност за да те најдам“

Точка

30/07/2020

21:00

11.020

Големина на фонт

а а а

Актерката Меган Фокс и раперот Машин Ган Кели веќе подолго време се во љубовна врска, а за тоа почна да се шпекулира откако таа објави дека се разделува од Брајан Грин.

Машин Ган Кели и Меган Фокс на социјалните мрежи првпат објавиле заедничка фотографија.

Раперот на својот Инстаграм профил објавил селфи фотографија на која што позира со својата девојка, а за кратко време добил над еден милион лајкови.

„Чекав цела вечност за да те пронајдам“ - напишал раперот во описот на фотографијата.

Гласините за нивната врска започнаа откако Брајан Грин потврди дека тој и Меган се разделија по 10 години брак.

Новопечениот пар минатата седмица го дал и првото заедничко интервју, а се присетиле и на нивната прва средба.

„Знаев дека нешто лудо ќе ми се случи на снимањето на новиот филм штом го здогледав него. Не бев сигурна за што се работи, но веднаш почувствував нешто помеѓу нас“ - раскажала Меган.




Спонзорирани линкови

Маркетинг