Точка ТВ: Тесла спиел по 3 часа дневно, а Да Винчи само еден и пол час – нивните следбеници тврдат дека одлично функционира

Точка

29/07/2020

15:09

3.048

Големина на фонт

а а а

Историските великани како Наполеон Бонапарта, Никола Тесла и Леонардо да Винчи на неконвенционален начин ја организирале својата динамика, време и количина на сон која наводно е делумно одговорна за нивните извонредни придонеси за човештвото.

Се верува дека еден од најголемите научници, Никола Тесла, спиел само 2-3 часа дневно. 

“Мислам дека не постои ниту еднa возбуда која поминува низ човековото тело како таа која ја чувствува изумител кога ќе види некоја креација на умот како се воздигнува на светлината на денот. Таквите емоции го тераат човекот да заборави да јаде, да спие, да заборави на љубов...” – останале забележани зборовите на Тесла. 

Научникот Исак Њутн спиел 3 до 4 часа дневно, а сепак доживеал длабока старост. Тој знаел да работи деноноќно без ниту една пауза, сон и храна.

Извори тврдат дека Леонардо да Винчи спиел само час и половина до 2 часа дневно, и тоа 15-20 минути на секои 4 часа. Постои мит дека, додека ги создавал своите уметнички дела, можел да биде буден и до 22 часа дневно. Неговите следбеници се обидуваат да го следат овој систем, тврдејќи дека одлично функционира.

Винстон Черчил спиел 3 до 5 часа дневно, но спиел попладне. Станувал во 8 часот, а потоа во наредните неколку часа лежел во кревет. Черчил пиел чај, пишувал писма и читал весници, а дури потоа почнувал да работи.


Томас Џеферсон бил полифазен спијач бидејќи спиел по 2 часа дневно, без никаков ред. Во писмата кои им ги испраќал на пријателите, ги опишувал своите спијачки навики. Џеферсон спиел нередовно во различно време од денот и ноќта.

Особено внимание му придавал на читањето пред спиење, па половина час пред да си легне секогаш читал книги.

Некои тврдат дена Наполеон спиел само од 12 до 2 часот по полноќ и од 5 до 7 часот наутро. Неговите офицери зборувале дека дури и по напорна борба од неколку часа, тој имал фантастична способност да се регенерира со само 30-минутен сон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk