Точка ТВ во TeSa Beauty Studio: „Секоја дама заслужува вакво задоволство“

Кармин

16/07/2020

15:57

3.079

Големина на фонт

а а а

Козметичките салони во последно време се сè попопуларни и ги има речиси на секоја улица низ цела земја.

Од правење нокти, до масажи, депилации, преку третмани за лице... на женските потреби и задоволства им нема крај.

Имено, денеска бевме во „TeSa Beauty Studio“, со цел одблизу да се запознаеме со најпопуларниот третман на дамите во последниве години - наливни или нокти со гел лак.

Речиси и да нема жена која барем еднаш не посетила козметички салон за да ги разубави своите нокти.

Разговаравме со Теодора Стевановиќ, Теса, која козметичкото студио го отворила уште пред 3 години, на само 22-годишна возраст.

Теса пред нашата камера вели дека нивната работа е доста интересна, секојдневно слушаат разни животни приказни, додека уживаат во 30-минутното правење нокти на своите клиентки.

Иако можеби многу дами не можат да си го дозволат ова убаво задоволство, Теодора истакнува дека секоја жена заслужува да си посвети внимание на себе и да направи нешто што неа, барем за момент би ја направило среќна.




Автор: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk