Хакерски напад на веб страницата на ДИК, нападнат и агрегаторот Time.mk

Точка

15/07/2020

23:35

3.381

Големина на фонт

а а а

Софтверот на Државната изборна комисија е цел на хакерски напад од надвор, пренесува „Канал 5“.

Во Државната изборна комисија ги добиваат резултатите од локалните избирачки места, но сепак не можат да ги објават резултатите на својата веб страна, најверојатно затоа што е на мета на хакерски напад.

Истовремено, најголемиот агрегатор на вести во државава, Time.mk се најде на удар на сајбер напад. Игор Трајковски од Time.mk на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека агрегаторот е под “DDOS” напад.

Покрај ова, моментално не се достапни повеќе веб страници на истакнати македонски медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг