Видео: Јанушев - и покрај неправилностите, имаме предност од 7-8 пратеници

Нетпрес

15/07/2020

22:04

4.597

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат речиси насекаде.

„Водиме во сите македонски општини. Од досега обработени 20 проценти, ВМРО-ДПМНЕ има предност од над 10 илјади гласови. Победуваме во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово и Кривогаштани. Охрид и Прилеп, Радовиш, Свети Николе и Бутел, Кисела Вода и Велес. Обновата доаѓа -, исправи се Македнијо“, рече Јанушев.

Тој проектира дека предноста се движи околу 7 до 8 пратеника.

Јанушев на прес-конференција обвини за изборни нерегуларности, укажувајќи дека биле евидентирани 20 случаи на поткуп, процесуирани до надлежните институции.

„Информирани се и ОБСЕ/ОДИХР. Очекуваме институциите да постапат за овие случаи на поткуп“, додаде Јанушев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг