Уругваецот брутално искрен: Суарез образложи каков проект ќе го задржи Меси во Барселона

Дерби

15/07/2020

14:55

1.985

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто кое го направи за каталонски „Спорт“, Луис Суарез ја прогласи шампионската трка за завршена и порача дека Реал Мадрид ќе стане нов шампион на Шпанија, но наместо да бара виновници на страна, нагласи дека сите во клубот треба да понесат одговорност.

Уругвајскиот напаѓач смета дека сите играчи треба да бидат самокритични за трите реми средби по рестартот на сезоната, резултати кои му овозможија на Реал Мадрид да ја преземе улогата на фаворит и да биде на чекор од титулата. Доколку Реал утре победи против Вилјареал и математички ќе го обезбеди трофејот, но бидејќи за Суарез ова веќе е завршено прашање, тој се огласи и за иднината на неговиот најдобар пријател на теренот и надвор од него.

Во изминатиов период на големо се пишуваше за разочараноста која е присутна кај Лионел Меси од насоката во која оди клубот, а бидејќи Аргентинецот се уште одбива да седне на маса и да започне преговори за нов договор, шпекулациите секако се од најразличен карактер. 

– Јас не го гледам Меси во друг дрес освен оној на Барселона. Кога ќе треба да донесе одлука, Лео ќе го направи мислејќи најдобро за себе и своето семејство. Понекогаш на сите ни е лошо кога губиме, дозволивме да ни избега титулата во Примера. Во такви ситуации секој размислува на различни нешта, но бидејќи сум негов пријател, секогаш ќе го советувам да остане во Барселона. 

– Ако му е потребна промена, тој знае што треба да одлучи за своја благосостојба. Сепак, неговото семејство е пресреќно во Барселона. На Лео многу би му се допаѓал нов победнички проект, проект кој ќе разбуди страст кај него. Сепак, таа одлука ќе ја донесе со своето семејство и со својот татко кој има улога на агент, – порача Суарез за иднината на Меси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг