Точка ТВ: Зошто кривата кула во Пиза е крива? Интересни факти за бисерот на Италија

Точка

14/07/2020

21:10

7.949

Големина на фонт

а а а

Познатата градба во Италија привлекува огромен број туристи, но многумина не знаат зошто кулата е крива.

Кривата кула се наоѓа во Пиза, италијанскиот град во близина на Лигурското море, а поради својот интересен ''проблем'', со години привлекува многу туристи.

Изградбата започнaла на 14-ти август 1173-та година, а траела речиси 200 години.

Искривена е под агол од пет степени, поради поместените темели за пет метри, а висока е 58 метри и опстанува со векови.

Кулата досега издржала четири силни земјотреси кои што го погодилe регионот од 1280-та година до денес.

Таа е едно од 7-те светски чуда. Нејзиниот единствен дизајн и феноменална изработка се причините кои што се составен дел од нејзината автентичност и е едно од најубавите дела во светската архитектура.

Дизајнирана е по угледот на популарната вавилонска кула која што во своите дела ја опишал и Херодот.

До врвот на кулата водат неверојатни 294 скали, а седум ѕвона ѕвонат по тактовите на музичка скала.


Зошто кулата е крива и може ли да се исправи?

Неодамна дефинитивно било утврдено дека неадекватно поставените темели се причината за нејзината искривеност.

Обидите како копање на долниот дел на кулата или ставање бетон во самите темели за времето на владеењето на Мусолини само ја влошиле целата работа.

Градежниците се откажале од исправување на самата кула поради две причини. Прво, технички било невозможно и многу ризично да се направи тоа поради целата градба. Второ, таа искривеност станала нејзин најголем симбол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk