Повеќе од 600.000 заразени со коронавирус во Африка

Макфакс

14/07/2020

12:48

693

Големина на фонт

а а а

Бројот на заразени со коронавирус во Африка надмина 600.000 поради забрзаното ширење на инфекцијата на тој континент.

За помалку од една недела, во Африка се заразени повеќе од половина милион луѓе.

Земја со најмногу регистрирани случаи е Јужна Африка со над 287.000 заразени. Само денес се регистрирани 11.554. 

Јавните болници во Јужна Африка се веќе полни, а владата повторно воведе ограничувања како што се забрана за продажба на алкохол, задолжително носење маски и полициски час. 

Други земји се борат со недостаток на медицинска опрема и персонал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг