Се откажува фестивалот „Егзит“

Макфакс

14/07/2020

12:28

1.486

Големина на фонт

а а а

Фестивалот „Егзит“ нема да се одржи од 13-ти до 16-ти август како што беше претходно најавено, туку ќе објави нова промена на датумот до крајот на месецот.

Како што објави порталот Н1, организаторите на фестивалот изјавиле дека одбележувањето на 20-годишнината од „Егзит“ се поместува заради здравствената состојба во Србија.

Тие додадоа дека наскоро ќе ја известат јавноста за рефундација на средствата на оние кои не сакаат да го задржат билетот за следното фестивалско издание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг