Викомб вчера направи голем подвиг на „Вембли“ и во големото плеј-оф финале го победи Оксфорд со 2:1, триумф со кој тимот од „Адамс Парк“ успеа да обезбеди пласман во Чемпионшип лигата.
По Конветри и Ротерам, Викомб е третиот тим кој ќе го гледаме во втората англиска фудбалска лига наредната натпреварувачка сезона, а големиот успех на „сините“ ни донесе навистина спектакуларно шоу на митскиот стадион во Англија, поради кое јавноста смета дека го видела најдоброто интервју од теренот во последните 10-тина години.
За такво нешто се погрижи „ѕверот“ Адебајо Акинфенва, корпулентниот и моќен напаѓач кој буквално издоминира во блиц интервјуто кое го направи по финалето на „Вембли“.
Акинфенва го натера новинарот во два наврати да му го потенцира успехот кој го направи неговиот тим, му се заблагодари на Бог што невозможното стана возможно, потсети дека пред четири години бил невработен и никој не можел да замисли вакво нешто, а посебно воодушеви и со тоа што го прозва Јирген Клоп.
Како страствен фан на Ливерпул, Акинфенва посочи дека во моменти на еуфорија дозволува само повик од Клоп на Ватсап, а за приказната да биде целосна се погрижи менаџерот на Ливерпул кој навистина му се јави и му честиташе за големиот успех.
📲 - "The only person that can hit me up on WhatsApp this time is Klopp so we can celebrate together!"@daRealAkinfenwa may have just given the best post-match interview ever...😂pic.twitter.com/MAxCPgFZqq
— Sky Sports (@SkySports) July 13, 2020