Во Бугарија 159 нови случаи на коронавирус во последното деноноќие

Макфакс

14/07/2020

11:45

637

Големина на фонт

а а а

Во Бугарија регистрирани се 159 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, врз основа на извршени 3.341 тестови.

Денешниот број е зголемување за 82 случаи во споредба со вчера.

Вкупно досега во Бугарија заразени се 7.411 лица, а излечени се 3.517 пациенти од кои 198 во последните 24 часа.

Осум пациенти починаа, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Бугарија достигна 276 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг