Со џип на германски автопат со 330 км/ч

Точка

13/07/2020

17:15

2.141

Големина на фонт

а а а

Специјално „доработен“ Porsche Cayenne Turbo со речиси 1000 коњски сили ја ослободи целата своја моќ на една делница на автопат во Германија.

Porsche Cayenne Turbo е вистински ѕвер меѓу џиповите со фабричките 550 коњски сили и максимална брзина од 286 километри на час. Сепак, германската тјунинг компанија HGP Turbo го модифицираше и го извлече максимумот од овој модел.

4,0-литарскиот V8 твин-турбо бензинец сега испорачува 962 коњски сили и 1,250 Nm, додека максималната брзина изнесува околу 330 километри на час.

Како изгледа овој ѕвер кога ќе ја ослободи својата сила на германски автопат без ограничување на максималната брзина, погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг