Сцените од Ница го шокираа светот: Франција ја чека втор бран, а илјадници луѓе присуствувале на забава на отворено

Точка

13/07/2020

16:42

2.193

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Ница во неделата само кажал дека жали поради непочитувањето на мерките, посебно физичката оддалеченост, на брегот на својот град во текот на забавите одржани последните денови. Исто така најавил дека мерките во иднина ќе бидат задолжителни на слични отворени забави.

Забавата или концертот ја организирал локален продуцент на електронска музика. Собрал голем број на луѓе, неколку илјади, а мерките против контролата на коронавирусот во главно не се почитувале. 

Повеќето луѓе се собрале на познатото корзо Англиска променада, што разлутило некои луѓе кои своето незадоволство го изразиле преку социјалните мрежи. Франција моментално се плаши од доаѓање на втор бран на вирусот на епидемијата од коронавирусот.

"Жалиме што овие правила не се почитуваат доволно", напишал на Твитер градоначалникот Кристијан Естроси.

"Отсега ќе биде задолжително носење на маски во Ница за сите организирани настани", додал тој. Сите кои присуствуваат на затворени настани, како концерти, веќе мораат да носат макси.

Градските власти инсистирале на тоа дека не може да се надмине максималниот број од 5.000 луѓе на било кое јавно собирање во Франција, дури ни на простор кој нормално може да прими до 36.000 луѓе.

Фотографот на "AFP" рекол дека густината на луѓето во некои области е нешто поголема, но поради фактот дека тие барале подобро место за слушање на музика, бидејќи квалитетот на звукот не е секаде ист.

Градските службеници исто така кажале дека на повеќе места поставиле јасни пораки за предупредување за физичка дистанца, како и дека праќале аудио пораки со иста содржина.

Портпаролот на владата Габриел Атал вели дека контроверзниот собир на илјада луѓе може само уште повеќе да ја нагласи потребата луѓето да бидат будни колку е можно повеќе, дури иако моменталната стапка на зараза останува ниска.

"Французите минаа низ тешки времиња во карантин, сакаат да се извлечат, но тие што излегуваат не значи дека треба да заборават на поставените правила", рекол тој за "BMF.TV".



Спонзорирани линкови

Маркетинг