Дали Шведска успеа да стекне колективен имунитет? Без забрани и ограничувања, а бројот на заразени опаѓа

Точка

13/07/2020

20:43

3.473

Големина на фонт

а а а

Интересно е да се забележи дека често оспоруваниот шведски модел сепак успеа драстично да го забави бројот на дневни смртни случаи. Минатата недела биле забележани вкупно 17 смртни случаи, што за Шведска е малку, пишува "Novac.hr".

Од една страна експертите и натаму предупредуваат дека Шведска имала единаесет пати повеќе мртви отколку соседна Норвешка, додека други предупредуваат дека минала подобро отколку некои земји со построга политика на карантин (Белгија, Италија, Шпанија). Шведска според моменталниот пад на починати може да се спореди со земји како Хаити или Пакистан, кои вложиле големи напори во контрола на заразата. 

Шведска бележи многу значаен пад на бројот на заразени; во однос на пред две недели, денес само една шестина се позитивни од оние кои се тестирале на дневна база.

Шведска никогаш не применила целосен локдаун, туку овозможила релативно нормално продолжување на животот. Забраниле собири поголеми од 50 луѓе, го ограничиле бројот на гости во ресторани, апелираат на придржување на социјална дистанца, но не успеале да го спречат пробојот на вирусот во домовите за старци, каде се забележани три четвртини од смртните случаи.

Падот на бројот на загинати, директорот на Шведската агенција за јавно здравство, Џон Карлсон, ја припишува на придржувањето на социјалното дистанцирање, додека главниот национален епидемиолог, Андерс Тегнел, шпекулира дека многумина достигнале колективен имунитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг