Во БиХ нов рекорд, 316 новозаразени во изминатoто деноноќие

Макфакс

11/07/2020

13:53

1.004

Големина на фонт

а а а

Нови 316 случаи на заразени со коронавирус беа потврдени во Босна и Херцеговина во саботата, објавија институциите за јавно здравје.

Ова е најголем раст на бројот на заразени лица во еден ден во БиХ од појавувањето на коронавирусот, а направени биле околу 1.500 тестови.

Вирусот е потврден кај 197 лица од Федерацијата на БиХ и 119 во Република Српска.

По градови, најголем број новозаразени има во Сараево, каде се потврдени 60 случаи, а потоа следува Бања Лука со 27 ново заразени.

Ден претходно, регистрирани беа 310 заболени од ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг