Трет ден рекорден број на заболени во САД: За 24 часа регистрирани 69 илјади нови случаи на Ковид-19

Точка

11/07/2020

14:20

587

Големина на фонт

а а а

Во САД во последните 24 часа се регистрирани 69 илјади новозаразени, со што веќе трет ден по ред во оваа земја се бележи рекорден број на нови случаи на Ковид-19.

Гувернерот на Тексас, Грег Ебот, инаку држава која е една од најголемите жаришта на вирусот, предупреди дека ваквата ситуација би можела да предизвика нови притисоци доколку бројот на хоспитализирани не биде намален со мерки како што се носењето на маски и физичкото дистанцирање.

Во САД во последните седум дена како последица на вирусот починаа 4,200 лица, а експертите предупредуваат дека ситуацијата би можела уште повеќе да се влоши.


Досега во Соединетите Американски Држави се заразени повеќе од 3,1 милиони луѓе, а болниците во најголемите жаришта се пренатрупани со пациенти.

Калифорниските власти најавија пуштање на околу 8 илјади затвореници на слобода со цел да се спречи ширење на вирусот во казнените установи. Во државниот затвор во близина на Сан Франциско повеќе од 3,300 затвореници се позитивни на коронавирусот.

Според анализата на британската новинска агенција „Ројтерс“, заразата во последните две седмици расте во 44 американски сојузни држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг