Трамп одобрил специјален напад на Русија! По одлуката на американскиот претседател сите го чекаат одговорот на Путин

Точка

11/07/2020

11:36

3.601

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговор за "Washington Post" потврдил дека дал дозвола за сајбер-напад против руската Агенција за интернет истражувања.

На прашањето на новинарот дали нападот го одобрил и самиот претседател, Трамп одговорил потврдно. 

"Така е", рекол Трамп.

Тој додал дека оваа одлука била дел од широката политика за спротивставување на Русија во целиот свет.

"Никој не е толку остар кон Русија како јас", истакнал американскиот претседател.

Трамп исто така рекол дека во 2016-та година тогашниот американски претседател Барак Обама дознал дека Русија се занимава со манипулации, но не кажал ништо, бидејќи мислел дека ќе победи Хилари Клинтон.

Во февруари 2019-та година телевизијата "NBC", повикувајќи се на информирани избори, јавила дека Трамп лично одобрил сајбер напад на американската војска против руската Агенција за интернет истражувања во текот на парламентарните избори во 2018-та година. Истовремено "Washington post" објавил дека сајбер командата на американската војска во текот на овие избори го блокирала интернет пристапот на Агенцијата за интернет истражување од Санкт Петербург. Според наводите на весниците, ова било првиот дел од офанзивната сајбер-кампања против Русија, чија цел била да се спречи руското мешање во американските избори.

По американските претседателски избори во 2016-та година, Русија е обвинета за мешање во изборите. Москва повеќе пати ги негирала обвиненијата за обидот да влијае на изборите во САД, а портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги нарекол апсолутно неосновани. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, за истите наводи рекол дека не постојат докази и факти кои би можеле истите да ги потврдат.





Спонзорирани линкови

Маркетинг