Англичанец сакал да украде еден од највредните историски документи: Добил 4 години затвор, а имал необичен мотив

Точка

10/07/2020

20:33

2.262

Големина на фонт

а а а

Англичанецот Марк Ројден (47) е осуден во Солзбери на 4 години затвор поради обид за кражба на еден од највредните историски документи - „Магна карта либератум“, историски уставен документ потпишан во XIII век, со цел да ја ограничи моќта на англиската круна.

Според пишувањата на лондонскиот „Гардијан“, Ројден изјавил дека сакал да ја украде „Магна карта либератум“ за да докаже дека во катедралата во Солзбери не се чува оригиналниот документ.

Адвокатот на одбраната побарал од судот да се земе предвид дека во сообраќајна несреќа во 1991-ва година Ројден имал тешка повреда на главата и дека после повредата почнал да користи наркотици и алкохол, па затоа имал намалена способност за расудување во моментот на извршување на кривичното дело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг