Запознајте го Ерос, 8-годишно куче кое им доставува намирници на своите соседи

Точка

10/07/2020

16:26

923

Големина на фонт

а а а

Чоколадниот лабрадор Ерос научил да им носи намирници на соседите од продавниците во близина.

Ова 8-годишно куче од Меделин, Колумбија, весело мавта со опашката додека на соседите им остава кошничка полна со намирници секој пат кога тие ќе направат нарачка. 

“Нѝ помага во одржување на социјалната дистанца, а луѓето се воодушевени кога ќе го видат кучето пред својата врата”, изјавила сопственичката на Ерос, Марија Нативидад Ботеро за “AP News”.

Ерос со помош на тренинг и закуски ги научил имињата и локациите на луѓето ширум градот. Кога ќе пристигне пред нивната влезна врата, тој добива награда, а за купувачите во кошничката се наоѓа сметката која ја плаќаат преку својот мобилен телефон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг