5 стилски техники кои визуелно го кријат вишокот килограми: Не, не мора да носите темни бои!

Кармин

10/07/2020

11:59

1.687

Големина на фонт

а а а

Облеката може дополнително да додаде неколку килограми или успешно да ги скрие недостатоците.

За втората опција подобро да функционира, мора да ја познавате својата фигура, правилно да работите со пропорциите и да користите стилски техники кои буквално ќе го скријат сето она кое сакате да го скриете. 

Во продолжение ви претставуваме 5 методи кои би требало да ги земете предвид при креирање на стајлинг.

Еднобојна облека

Парчињата облека со исти нијанси создаваат вертикала во бојата која визуелно ја “растегнува” фигурата и ја прави витка. За стајлингот во една палета да не изгледа здодевно, дајте им предност на светлите наместо основните тонови, поиграјте си со текстурите и материјалите и дополнете го изгледот со модни акцесоари во контрастни бои.

Панталони со висок струк

Ако целта ви е да скриете неколку вишок килограми, одберете панталони со висок струк од големиот број актуелни стилови. Оваа техника делува ефикасно за било кој тип на тело. Важен детаљ: панталоните треба да бидат долги и делумно или во целост да ги покриваат чевлите – оваа техника, помеѓу останатото, визуелно ги продолжува нозете.

“Wrap” фустан

Овој модел на фустан е исто така одличен за било кој тип на фигура и визуелно нè прави повитки. Бирајте фустани со геометриски дезени во облик на вертикални или дијагонални линии по истиот принцип. Важно е фустанот да го истакнува струкот и слободно да “паѓа” покрај колковите.

Панталони со широки ногавици

Панталоните со широки ногавици или попознати како “ѕвонарки” ги прават нозете бесконечно долги, додавајќи висина и визуелно отстранувајќи го вишокот волумен на колковите. Стајлингот додава женственост и решава неколку проблеми одеднаш. Едно предупредување: панталоните е подобро да се комбинираат со чевли со висока потпетица или масивен дебел ѓон.

V-изрез

Оваа техника исто така делува на принципот на вертикала. V-изрезот визуелно го издолжува вратот, ги урамнотежува широките рамена и ја издолжува силуетата. Покрај тоа, ваквиот стил го нагласува и убавото деколте.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk