Точка ТВ: Ниту Тесла не бил ‘‘совршен’’ – 5 интригантни предвидувања на футуролозите кои требаше да се исполнат до 2020-та година

Точка

09/07/2020

11:45

1.476

Големина на фонт

а а а

Може ли да замислите свет во кој што разговарате со робот за вашите животни проблеми, додека секојдневно ги извршувате вашите обврски? Според мислењето на футуролозите – така требаше да изгледа 2020-та година.

Никола Тесла ја предвидел безжичната технологија, паметните телефони и електричните телефони, но наводно тој сметал дека во 21-от век никој повеќе нема да пие кафе.

Досега сите требаше да научиме многу работи за штетните супстанци како кофеинот, акохолот и дрогата, но како што вели стариот и добар Алберт Ајнштајн - не е само вселената бесконечна.

Но, Тесла не е единствениот кој што погрешно проценил како ќе изгледа животот во 2020-та година.

Ќе живееме во ''летечки домови''

Британскиот писател на научна фантастика и футурист - Артур Ч. Кларк верувал дека здодевните домови од 60-те години ќе бидат заменети со возбудливи домови како ''птици преселници'', а во текот на зимата ќе можат да одлетаат во топлите краеви.

На работа ќе одиме со хеликоптери

Откако ќе се подготвиме за одење на работа, ќе може да седнеме во хеликоптер и да ''одлетаме'' до потребното место.

Така сметале дека ќе изгледа иднината - футуролозите уште пред 70 години.


Сите луѓе ќе имаат многу пари

Магазинот „Time“ уште во 1966-та година објавил дека 21-от век ќе биде феноменален за сите граѓани.

Исто така Ариана Ван де Вен - експерт за глобалните трендови, сметала дека роботите освен како домашни помошници ќе се користат и како психијатри за луѓето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг