„Семејството на мојата идна сопруга има бизарен ритуал поврзан со првата брачна ноќ... ''Полудев'' кога дознав“

Точка

07/07/2020

16:55

5.514

Големина на фонт

а а а

Еден иден младоженец останал шокиран кога дознал за ''ритуалот'' кој треба да го почитува за време на првата брачна ноќ која што фамилијата од неговата девојка и идна сопруга, очекува и тој да го испочитува.

Според неговите зборови, неговата вереница има голема фамилија, а станува збор за ''многу топли и грижливи луѓе'', со кои што одлично се согласува.

Тој и неговата девојка имаат по 23 години, а венчавката планираат да ја направат на почетокот на идната година.

Младоженецот, низ разговор со својата избраничка дознал дека таа не сака нивната прва брачна ноќ да ја поминат во хотелска соба, туку во домот на нивните родители, а тоа на момчето воопшто не му пречело.


Сепак, наскоро открил дека нејзиното семејство има ''долга традиција'' поврзана токму со првата брачна ноќ.

„Сопругот и сопругата одат во голема спална соба заедно и треба да уживаат во својата прва брачна ноќ. Останатиот дел од семејството чека надвор, за да може да ракоплеска и да се радува кога ќе излезат надвор. Потоа еден дел од нивната постелнина се сече и се шие за големата таписерија“ - напишал идниот младоженец на социјалната мрежа „Reddit“.

Бидејќи видела колку му е непријатно, идната невеста му предложила да се преправаат дека нешто се случило во спалната соба и така да го направат ритуалот, но нему не му било сеедно и не му се допаднало тоа.

„Не сакам да имам ништо со тоа. Целосно полудев и реков дека на такво нешто никогаш нема да се согласам“ - заклучило момчето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг