Тодевска со емотивна порака за Илиевски ја потресе јавноста: „Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб“

Точка

06/07/2020

21:38

9.487

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, 6-ти јули, пред точно две години, на 33-годишна возраст Влатко Илиевски трагично го загуби животот.

Неговата пријателка Тамара Тодевска, секогаш со тага се присетува на убавите денови со нејзиниот Влатче.


Овој тажен ден не може да остане незабележан, па така Тодевска на својот Фејсбук профил објави емотивна порака посветена за својот најдобар дургар.


„Бев да ти запалам свеќа. На твоето вечно почивалиште. Празно и пусто. Твојата слика, неколку пива и догорени свеќи. Ја пуштив од кола твојата омилена песна, се изнаплакав како дожд што лие и си продолжив. Ми зборуваше дека јас ќе бидам таа што ќе ти доаѓа на гроб. Не ти верував. Во многу работи не ти верував. Меѓу нив е и онаа последна реченица, „Дојди Тами да се видиме, ќе ме нема за брзо”... Ти се изнасмеав и ти реков, ќе те барам. И си отиде. Те нема. Еве веќе две години. Нема ден да не помислам на тебе“, напиша Тамара меѓу останатото. Со оваа порака допре најдлабоко во душата на сите негови некогашни пријатели, фанови, поддржувачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг