Со појавата на првите топли сончеви зраци, ја отвораме сезоната на долгите здолништа кои станаа неизоставен артикл во креирање на летните, шик и интересни аутфити.
Макси здолништата се парче од кое не се одрекуваме ниту едно лето, па така и оваа сезона можете да ги носите на повеќе начини.
Со нив лесно ќе креирате впечатливи деловни комбинации со балетанки или елегантни салонки, а со страст ќе ги носите и надвор од деловните прилики. Ова здолниште секогаш зрачи со доза на елеганција и подеднакво добро изгледа и во дневните и вечерни прилики, а она што особено го обожуваме кај споменатиот модел е можноста за поигрување со комбинациите.
Играта со боите исто така остава простор за експериментирање, а токму затоа овој аутфит секогаш можете да го надополните и со модели кои имаат животински, цветен или точкест дезен. Доколку вашиот избор е некој едноставен модел на макси здолниште, надополнете го изгледот со впечатливи патики, сандали или папучи.
Во продолжение издвојуваме 10 стилски комбинации кои се вистински доказ дека макси здолништето е летен тренд од кој нема да “излеземе” оваа сезона: